Барселона го прими најбрзиот гол во 21 век!

Гранада приреди шокантен старт за фаворизираниот гостин Барселона во меч од 9 коло во Примера дивисион. Само што започна мечот, фудбалерите на Гранада успеаа да ја одземат топката од противниците и со точно додавање кон Брајан Сарагоса, напаѓачот на Гранада успеа да го совлада Марк Андре тен Штеген и да донесе предност за Гранада од 1:0.

Според направената пресметка, погодокот на Сарагоса е во 17-тата секунда од дуелот и тоа е најбрзиот погодок што каталонскиот гигант го има примено во 21 век. Претходно тој примат му припаѓаше на Карим Бензема кој погоди во 21 секунда за Реал Мадрид на дуелот одигра во 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести