Се чини дека се гледа крајот на проблемите на Барселона, во случајот со регистрациите на Дани Олмо и Виктор Пау. На „каталонците“ им се потребни 50 милиони евра за да ги продолжат регистрациите кои им се со важност до 31-ви декември.
Барселона е пред продажба на ВИП седишта на реновираниот „Камп Ноу“ и тоа за следните 20 години, а парите би ги добиле веднаш. Се работи за износ од 200 милиони евра, сума која не само што ќе ги реши проблемите со регистрациите на Олмо и Пау, туку ќе им останат пари и за нови засилувања и уште посериозен атак на шампионската титула во Ла Лига, каде во моментов се лидери.