Познатиот кошаркарски стратег Чави Пасквал е на чекор од враќање во Барселона, речиси една деценија по неговото заминување од клубот. Каталонскиот гигант стапил во контакт со него веднаш по денешното разрешување на Жоан Пењароја, кој беше отпуштен поради слабиот старт на сезоната.
Според извори блиски до клубот, разговорите меѓу Барселона и Пасквал траат веќе извесно време, а ситуацијата е олеснета од фактот што трофејниот шпански тренер моментно е без ангажман, откако летово се раздели со Зенит Санкт Петербург.
Пасквал има свои услови и бара долгорочен проект, а двете страни се заинтересирани договорот да биде постигнат што е можно побрзо, со оглед дека сезоната е веќе во полн ек.
Барселона веќе во среда ја очекува тешко гостување против Баерн Минхен во Евролигата, кое ќе го води Оскар Орељана како привремено решение. Доколку преговорите се финализираат навреме, Пасквал би можел да го преземе тимот веќе во петок, на натпреварот против Виртус Болоња.
Чави Пасквал е човекот кој во 2010 година ѝ ја донесе последната титула во Евролигата на Барселона и важи за вистинска икона на клубот.

