39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Барселона и Јамал имаат причини да навиваат за Реал Мадрид против ПСЖ

На полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, вечниот ривал на Реал, Барселона, би имала полза од пораз на парискиот тим.

Каталонците кои никогаш не навиваат за Реал, овојпат можеби барем потајно ќе посакуваат триумф на Кралскиот клуб, и тоа затоа што така нивните играчи би имале поголеми шанси за „Златната топка“.

Доколку парискиот тим кој ја освои Лигата на шампионите, го освои и Светското клупско првенство, се чини дека трката за „Златната топка“ ќе биде завршена и за фудбалер на годината ќе биде прогласен Усман Дембеле од ПСЖ.

Но, Реал Мадрид со победа над ПСЖ може да им направи услуга на Ламин Јамал и Рафиња, и тогаш шансите на Дембеле да ја освои „Златната топка“ ќе бидат намалени, иако тој останува најсериозен кандидат за признанието.

Инаку во топ 10 фаворити за „Златната топка“ се Дембеле, Јамал, Витиња, Мохамед Салах, Килијан Мбапе, Рафиња, Хвича Кварацхелија, Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими и Дезире Дуе.

- Оглас -

Најнови вести