Управата на Барселона вложува максимални напори налето да го врати Лионел Меси на „Камп ноу“, но големи проблеми во таа намера им задаваат Ла Лига и нејзиниот претседател Хавиер Тебас.
Имено, Ла Лига го одби предлогот на Барселона за консолидирање на финансиите за да може во летниот преоден рок да потпише со Меси.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Ла Лига и Тебас ја одбиле идејата на Барселона во рок од три години да го намали буџетот на плати со цел да може да ги регистрира новите фудбалери. Ла Лига бара Барселона во летниот преоден рок да продаде неколку фудбалери за да може да го потпише Меси.
Барселона во последните неколку години постојано го надминува лимитот за плати кој го наметна Ла Лига и кој изнесува од 70 отсто од вкупните приходи на клубот.