Барселона има ново чудо од дете, даде фантастичен гол во победата кај Осасуна (Видео)

Барселона со 2:0 победи на гостувањето кај Осасуна во Памплона и со овие три бода Каталонците се зацврстија на второто место на табелата во Примера дивисион.Освен трите бода, Барселона на овој меч доби уште еден млад суперталентиран фудбалер.

Илајиш Мориба Курума пред неполни два месеци наполни 18 години, а од неодамна почна да добива доверба во првиот тим. Вечерва, Илијаш во игра влезе во 67 минута, а во 83 минута се израдува на првиот погодок во сениорскиот фудбал.

Тинејџерот доби топка од Лионел Меси и потоа најпрво со „лажњак“ се ослободи од противничките играчи кои сакаа да го блокираат неговиот удар, а потоа и пласираше во мрежата на Осасуна. Кога Меси со Барселона се израдува на првата тиутла, Илајеш имаше само две години, а сега Аргентинецот асистираше за погодокот кој засекогаш ќе го памти талентот на Барселона.

https://youtu.be/egSCMN7O1S8

Меси беше асистент и на првиот погодок за гостите, во првото полувреме. Капитенот на Барселона на фантастичен начин „прескокна“ дури осуммина домашни играчи, а Жорди Алба успеа да погоди за 1:0 за гостите.

Барселона со оваа победа стигна до 56 бодови и сега има два помалку од лидерот Атлетико Мадирд, кој утре попладне го очелува големото градско дерби против Реал.

 

- Оглас -

Најнови вести