8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Барселона има пеколен план: Ќе го откупи Маркус Рашфорд, но нема да го задржи

Маркус Рашфорд по позајмицата од Манчестер јунајтед во Барселона игра како препороден, па јасно е дека „каталонците“ налето ќе го откупат неговиот договор.

Договорот за позајмица има клаузула според која Барселона може да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра и „каталонците“ тоа ќе го сторат, но раководството на клубот има пеколен план.

Одличните игри во Каталонија ја кренаа цената за Ангичанецот, па тој сега е посакуван и од други екипи. Планот е договорот да биде откупен, но Рашфорд веднаш да биде продаден на некоја од заинтересираните екипи за најмалку 60 милиони евра.

Така „каталонците“ би заработиле најмалку двојно од тоа што ќе им го платат на „црвените ѓаволи“, па и тоа ќе биде уште еден чекор плус кон исполнување на правилото „1:1“.

- Оглас -

Најнови вести