Барселона има план како да го врати Меси, првиот чекор е да тропне на вратата на првиот човек на Ла Лига

Управата на Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта, прави сè за да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“, но нема намера да ја направи грешката од пред две годни кога не успеа да го регистрира неговиот нов договор и сега попаметно ги влече потезите.

Според шпанските медиуми, Лапорта и неговите соработници пред да седнат на преговарачка маса со Меси и му понудат договор, сакаат да добијат гаранции од Ла Лига и првиот човек Хавиер Тебас, дека нема да прави проблеми.

Медиумите пишуваат дека Тебас кој не е во добри односи со Лапорта и поранешните претседатели на Барселона поради кои досега неколку пати ги менуваше правилата за финансиски фер-плеј, сепак не може да одолее на идејата да се врати Меси во Ла Лига.

Наводно, со заминувањето на Кристијано Роналдо во 2019 и на Меси во 2021 година, се намали интересот за Ла Лига и поради тоа идејата да се врати Аргентинецот, е примамлива за Тебас кој смета дека со тоа лигата би добила нови спонзори.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а Аргентинецот засега одбива да стави потпис на нов договор со Светците и е се поблиску до заминување од „Паркот на принцевите“.

- Оглас -

Најнови вести