15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Барселона ја чекаат пеколни 23 дена – ќе одигра седум важни меча

Дербито во шпанското првенство за овој викенд ќе се игра вечерва на „Камп Ноу“. Барселона пред своите навивачи ја пречекува Валенсија. Љилјаците на крајот од минатата сезона успеаа да го победат големиот ривал во финалето од Купот на Шпанија и да „украдат“ еден од планираните трофеи на Барселона.

Актуелниот првак на Шпанија е под притисок дека мора да победи. По три кола, Барселона има само четири бодови и се наоѓа на осмото место на табелата во Примера. Големите ѕвезди Меси, Суарес и Дембеле се повредени, но фановите очекуваат победа на домашниот тим.

Со дуелот против Валенсија, за Барселоан почнува еден пеколен период. Во следните 23 дена, избраниците на Ернесто Валверде ќе одиграат седум меча. Според распоредот, по дуелот ос Валенсија следи мечот против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампиони (17. септември), а потоа се и натпреварите против Гранада (21. септември), Вилјареал (24 септември), Хетафе (28 септември), Интер (2 октомври) и Севилја (6 октомври).

Доколку Барселона не успее во овој период да влезе во победнички ритам, тоа може да биде најава и за тренерска смена.

 

- Оглас -

Најнови вести