Барселона ја одреди цената за која е подготвена да го продаде Рафиња

Управата на Барселона ја одреди сумата за која е подготвена во летниот преоден рок да го продаде бразилскиот репрезентативец Рафиња, за кого постои голем интерес, пред сè, од премиерлигашките екипи.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона деновиве одбила понуда тешка 60 милиони евра од неименуван клуб од Премиер лигата, а претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, им порачал дека нема намера да седне на маса ако понудата е помала од 80 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека голем интерес за Рафиња пројавуваат Манчестер јунајтед и Челзи.

Рафиња сезонава одигра меча за Барселона во сите натпреварувања и постигна осум гола, а минатата среда со два гола беше најзаслужен за победата на неговиот тим од 3:2 над ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести