Барселона ја победи Севилја со 4:2 за лидерска позиција во шпанската Ла Лига, но има проблем, бидејќи им се повреди најдобриот играч Лионел Меси.
Аргентинецот блескаше 25 минути против Севилја, имаше асистенција и гол, 25. во 24 меча со гостинот од Андалузија, но потоа незгодно падна во еден дуел и го повреди лактот на десната рака.
Барселона и без него ја задржа предноста од два гола, славеше со 4:2 и е на првото место со 18 бодови по 9 кола.
Кутињо, Меси, Суарез од пенал и Ракитиќ беа стрелци за домаќинот, а Сарабија и Мјуриел погодија за Севилја.
https://www.youtube.com/watch?v=RonpN1s7zBs