13.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Барселона ќе добие дозвола да се врати на „Камп Ноу“ и тоа уште овој месец

Претходната недела, Барселона по пауза од една и пол година одржа тренинг на „Камп ноу“, стадионот кој се реновира. Сепак, поголем дел од градежнбите работи се завршени, па на тренингот присуствуваа околу 25.000 гледачи.

Според последните најави, многу веројатно е дека до крајот на овој месец, Барселона и официјално ќе се врати на својот оригинален дом. Најавено е дека в понеделник, каталонскиот гигант ќе добие Б1 лиценца за „Камп ноу“ да може да прими 45.000 гледачи.

Според тоа, се очекува Барселона да игра на домашен терен против Алавес на „Камп Ноу“. Тој меч е закажан за 29 ноември. Некои најави се дека дури и следниот прв натпревар на Барселона како домаќин, а тоа е на против Атлетик Билбао на 22 ноември, да се игра на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести