22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Барселона ќе го казни Меси доколку не ги изврши клупските обврски

Лионел Меси одлучи да не се појави на утрешниот прв собир на екипата на Барселона, ниту пак на медицинските прегледите пред да стартуваат со подготовките во пресрет на новата сезона.

Аргентинецот бојкотира затоа што сака да си замине од „Камп ноу“, а управата не му дозволува лесен излез од катастрофалната ситуација во која се наоѓа клубот. Меси има рок до утре да ја смени одлуката и понеделник да се појави во просториите на спортскиот комплекс, во спротивно Барселона ќе преземе мерки.

Имено, на Меси му следува суспензија од 10 дена без плата доколку не одговори на обврските, додека на месечно ниво може да остане без 7% од месечната плата. Меси заработува по 8,6 милиони евра на секои 30 дена, а клубот може да му скрати до два милиони евра доколку не се појави на првиот собир со оглед на тоа дека казната може да порасне на 25% одземени месечни примања.

- Оглас -

Најнови вести