Меси почнува бојкот, нема да се појави на утрешниот тренинг

Лионел Меси ја информира Барселона дека утре нема да се појави на стартот од подготовките во пресрет на новата сезона. Како што известуваат шпанските медиуми, Меси почна бојкот, по што одбил да присуствува на прегледите кои се закажани за утре пред првиот тренинг на екипата под новиот тренер Роналд Куман.

По овој потег на Аргентинецот, и повеќе од јасно е дека сака што поскоро да го напушти „Камп ноу“ и е подготвен на секаков начин да ја добие оваа битка со управата.

Претходно произлегоа информации дека раководството го условува Меси да потпише нов договор, во спротивно ќе си замине од клубот само доколку се активира неговата енормна клаузула од 700 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести