1807 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (18:30 ч.)
Дуелите на двете најдобри екипи во Германија секогаш биле посебно интересни. Баерн е во налет и реди само победи, но многумина веруваат дека ако има тим кој може да го сопре германскиот првак, тоа е Борусија. Милионерите имаат две победи, но и четири порази во последните шест средби со најтрофејниот германски клуб.
Фактот дека двете екипи обожаваат да играат напаѓачки, но и дека во последните 12 средби, дури 11 пати имало по најмалку два гола, е најава за шоу во Дортмунд, но секако фаворит останува Баерн.
Предлог тип: 2&4+ (3.35)
1005 Челзи – Шефилд јунајтед (18:30 ч.)
Со доаѓањето на Менди на голот на Челзи, лондонскиот тим доби многу посигурна одбрана. Откако францускиот голман е стартер, Челзи пет меча е без примен гол во сите натпреварувања, па тимот на Френк Лампард има три победи и две нерешени.
На гости на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа Шефилд јунајтед, тим кој е најнепријатно изненадување на почетокот на сезонава. Ако лани Шефилд знаеше да изненади и против фаворити, овојпат е на дното од табелата со само еден бод од седум средби. Затоа тешко е да се верува дека Шефилд ќе го повтори ланскиот подвиг кога одигра 2:2 во Лондон против Челзи.
Предлог тип: 1&3+ (2.10)
1703 ПСЖ – Рен (21 ч.)
Две екипи кои играат и во Лигата на шампионите, но во последното коло загубија. Сега ќе ги одмерат силите во првенството на Франција, а ПСЖ секако е фаворит. Сепак, фактот дека домаќините ќе бидат без дури 10 фудбалери, дава надеж за гостите.
Кај Светците ќе недостасуваат, Мбапе, Нејмар, Икарди, Бернат, Дракслер, Верати, Сарабија, Кимпамбе, Леталие и Навас, но традицијата францускиот првак да игра офанзивно, треба да е како ветување дека ќе има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90) – квота на денот во Sport Life
1004 Кристал Палас – Лидс (16 ч.)
Идентичен биланс од по три победи, три порази и едно реми имаат двата тима. Лидс сезонава се промовираше во тим кој размислува само на напад, па многу прима, но и дава погодоци. Одамна немаат играно меѓу себе, но традицијата вели дека последните четири средби им биле гол-гол.
Предлог тип: ГГ3+ (2.20)
1303 Барселона – Бетис (16 ч.)
Барселона мора да стави крај на најлошиот старт во првенството во последните 18 години. Бетис е опасен ривал, но фактот дека гостите имаат неколку повредени играчи, дава поголема сигурност за домаќините.
Освен Кутињо и Умтити, останатите во редовите на каталонскиот гигант се подготвени за игра и очекуваме уште во првото полувреме да биде скршен отпорот на гостите.
Предлог тип: 1-1 (2.05)