Ракометниот гигант Барселона по петти пат ќе игра во финалето на Супер Глоуб, каде што ќе атакува и на петта титула, односно трета последователна. Каталонците го совладаа тимот на АЛ-Вехда со 34-24 во второто полуфинале кое се одигра денес, а во битката за светската круна ќе се бори против германски Кил, кој претходно славеше против европскиот првак Вардар.
Тимот на Ал-Вехда го изненади актулениот бранител во првите 30 минути со водство од 16-13, но Барселона ја покажа моќта во вториот дел, по што следуваше фуриозниот пресврт од 21-8, односно вкупни 34-24.
Циндриќ со перфектни 7/7 го предводеше шпанскиот гигант, Арино и Томас придонесоа со шест, односно пет гола, додека кај поразените Зејнелабедин застана на девет гола.
Дуелот за трето место меѓу Вардар и Ал-Вехда е закажано за 31 август, со почеток во 16:30 часот, додека големото финале меѓу Барса и Кил е предвидено во терминот од 19 часот.