Барселона ќе ја исправи грешката, со новиот договор ќе има тинејџер од милијарда евра

Управата на Барселона планира по итна постапка да ја поправи грешката која ја направи и да му понуди нов договор на новиот бисер на Ла Масија, Пау Кубарси (17 години).

Актуелната откупна клаузула за Кубарси изнесува само 10 милиони евра и откако младиот дефанзивец кој запре Виктор Осимен во осминафиналето во ЛШ, го привлече вниманието на речиси сите големи екипи, пред се тие од Премиер лигата.

Челниците на Барселона поради тоа одлучија експресно да реагираат и му подготвија нов договор со кој младиот дефанзивец кого сите го гледаат како иден лидер на каталонскиот тим, ќе му донесе поголема плата, а ќе биде тргната мизерната откупна клаузула и ќе биде ставена нова со која ќе биде речиси невозможно да се плати.

Според новинарот Фабрицио Романо, новата откупна клаузула ќе изнесува дури милијарда евра.

- Оглас -

Најнови вести