Барселона ќе загуби многу пари со играњето на олимпискиот стадион

Привремената преселба од „Камп ноу“ на олимпискиот стадион „Луис Компани“ на фудбалскиот клуб Барселона ќе му донесе големи финансиски загуби, а причината е драстично помалиот број продадени билети.

Вчера на првиот домашен меч за Барса на стадионот кој се наоѓа на врвот на планината Монжуик имаше 39.000 гледачи, а капацитетот е 54.000. Клубот продаде само 17.500 сезонски билети за оваа сезона, што е незамисливо ако играа на својот и најголемиот стадион во Европа.

Во минатата сезона на „Камп ноу“, кој сега е затворен и се реновира, Барса имаше просечна посета од 83.000 гледачи. Проценките се дека загубите на Каталонците ќе бидат од 60 до 90 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести