17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Барселона куртули од банкрот – Фудбалерите се согласија на помали плати, заштедата е 122 милиони евра

Барселона куртули од опасноста да прогласи банкрот по дупката во буџетот од 160 милиони, пари кои пристигаа за наплата, по договорот со фудбалерите кои прифатија помали плати.

Заштедата ќе биде значајна, изнесува 122 милиони евра, а се очекува само потпис на договорот меѓу клубот и играчите.

Барселона објави дека најде начин да заштеди и дополнителни 50 милиони евра во следните три години, што значи и стегање на финансискиот ремен и штедење на повеќе фронтови.

Играчите на Барселона се меѓу најплатените во светот на фудбалот, а и покрај заминувањето на Луси Суарес, Иван Ракитиќ и на Артуро Видал финансиските проблеми останаа, па мораше да се повлече непопуларен потег.

Дел од фудбалерите ги прифатија ваквите услови при неодамнешните продолжувања на договорите, но поголемиот дел предводени од главната ѕвезда Лионел Меси беа против ваквото драстично решение на нивна штета.

Најавено е дека парите ќе им бидат вратени на играчите сукцесивно, кога ќе се подобри финансиската слика на клубот.

Ова може да предизвика нова тивка војна меѓу Меси и раководството на клубот, па новиот претседател што се очекува на кормилото на клубот ќе има сложена мисија да го убеди Аргентинецот да го продолжи договорот што му истекува идното лето.

 

- Оглас -

Најнови вести