Пике најави нова летна драма во Барселона: Не знам дали Меси ќе остане

Џерард Пике најави нова летна драма во Барселона и во интервју за „Марка“ вели дека не е сигурен дека Лионел Меси ќе остане во Барселона.

„Сите сакаме Меси да остане, но не сум сигурен. Само Лео го знае одговорот, а јас се надевам дека новото раководство ќе успее да го убеди уште долго да го носи дресот на Барселона“, вели Пике.

Стоперот на Барселона е повреден и извесно време ќе биде надвор од терените, а не криеше дека тешко му падна разделбата со Луис Суарес, кој ова лето си замина од Барселона во редовите на ривалот Атлетико Мадрид.

„Многу тешко ми падна разделбата со Луис. Беше со нас долго време и навивачите ги гледаат само 90-те минути на терен. Тоа ти е како да си се разделил со школски другар. Се гледате секој ден од 9-13 часот, потоа патувате заедно, тренинзи, хотели, натпревари“, додаде Пике.

Сега може да се случи идното лето да се раздели и со Меси, играч на кого во јуни му истекува договорот со Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести