26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Барселона летово го „преспа“, но веќе најавува 200 милиони евра за двајца играчи во 2026 година

Барселона ова лето не беше премногу активна на фудбалскиот пазар и немаше многу можности за доведување на големи ѕвезди.

Каталонскиот гигант уште има проблеми со финансискиот ферплеј кој не им дозволува да регистрираат скапи фудбалери. Според најавите, оваа непријатна ситуација во Барселона треба наскоро да заврши и во 2026 година се најавува Барселона да потроши 200 милиони евра за доведување на две големи засилувања.

Најавите се дека први на листата на желби се Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид и Алесандро Бастони од Интер. Алварес веќе подолг период е желба на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и тој треба да биде идеална замена за ветеранот Роберт Левандовски.

Бастони треба да биде засилување во одбраната. Тој може да игра на стоперската позиција или како лев бек. Според актуелната состојба, вредноста на Алварес се преценува на 120 милиони евра, додека Бастони вреди 80 милиони евра.

Барселона летово се засили со голманот Жоан Гарсија, напаѓачот Маркус Рашфорд и 19-годишниот тинејџер Руни Барџи кој игра како десно крило.

- Оглас -

Најнови вести