По победата на Милан над Болоња од 3-0 во вчерашниот натпревар од 23-тото коло од италијанската Серија А, тренерот Масимилијано Алегри беше задоволен од изданието на неговиот тим, а го пофали и Лука Модриќ, кој беше стартер и играше до 72-рата минута, кога беше заменет од Ардон Јашари.
Иако Лука не постигна гол, ниту асистираше, тој одигра добро, ја иницираше акцијата што резултираше со пенал и втор гол на Милан на натпреварот. Алегри ги пофали Модриќ, како и неговиот партнер во средниот ред, Адриен Рабио.
„Среќен сум што ги имам во тимот. Тие му даваат неверојатна самодоверба на остатокот од тимот“, рече Алегри.

