Мохамед Салах вчера објави дека по крајот на сезонава си оди од Ливерпул и веднаш почнаа шпекулации и нагаѓања каде ќе ја продолжи кариерата.
Прва опција која најчесто се спомнува е преселба на Салах во некој клуб од Саудиска Арабија. Арапите инсистираат да го донесат, тоа би бил најзначајниот трансфер по оние на Кристијано Роналдо и можеби Нејмар, особено што и Салах е од арапска земја и има влијание и популарност кај Саудијците. Но, тој летово ќе биде слободен и тоа го прави привлечен и за многу европски клубови.
Барселона одамна го посакува во своите редови и пак се спомнува како можна дестинација. Позитивно за нив е што нема да плаќаат отштета, но проблеми се високата плата и на која позиција би го играле. Египќанецот е десно крило, а во Барса на тоа место игра неприкосновениот Ламин Јамал. Една од варијантите е Јамал да се пресели на позицијата „десетка“, како полушпиц во ултраофанзивна формација.

