Ханси Флик мака мачи со десната бековска позиција, каде на располагање го има само Жил Кунде, па кога не игра Французинот, мора да експериментира. Сепак, тоа може да се промени многу брзо, уште во јануарскиот преоден рок.
Поранешниот фудбалер на „каталонците“, Жоао Кансело, во моментов е член на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, но имаше конфликт со тренерот на екипата, Симоне Инѕаги, и воопшто не е пријавен за настап во продолжение од сезоната.
Барселона се надева дека ќе го добие португалскиот десен бек, но прво ќе чека дали ќе му биде раскинат договорот и да го добијат бесплатно.
Контактите помеѓу „каталонците“ и Португалецот веќе се остварени, а Кансело бил воодушевен од можноста повторно да го облече дресот на Барселона.
Тој беше дел од „каталонците“ во сезоната 2023/24 и тоа како позајмен од Манчестер сити, но откако Барселона не успеа да го откупи неговиот договор, беше продаден на Ал-Хилал за 25 милиони евра.

