Барселона му постави два услови на Нејмар за враќање на „Камп ноу“

Кога Нејмар минатата година реши да си замине од Барселона за да потпише со Пари Сен Жермен, тоа беше за неверување. Бразилецот си замина за рекорден трансфер вреден 222 милиони евра. Сепак, само една и пол година подоцна, Нејмар бара начин како да се врати во Барселона.

Нејмар не е многу задоволен од животот во Париз, но и од фактот дека „светците“ не делуваат како тим кој би можел да стане европски првак. Затоа, Нејмар веќе ги направил првите контакти за можно враќање во каталонскиот гигант, но и тоа да се случи ќе мора да исполни два услови кои му ги поставија челниците на Барселона.

Бразилецот ќе мора сам да го исфорсира трансферот, а откако би се вратил во Барселона, ќе треба да се согласи да добива помала плата од таа што сега ја има во ПСЖ. Првично, играчот се согласил на овие услови и верува дека во 2019 година повторно ќе биде во дресот на шпанскиот првак. Нејмар играше за Барса од 2013 до 2017 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести