Екипата на Барселона игра фантастично во нападот под водство на тренерот Ханси Флик, даде гол на секој натпревар во 2025 година и има серија од 44 средби по ред барем со еден постигнат гол, што е изедначување на клупскиот рекорд кој стоеше 80-тина години.
Барса има низа од 44 меча по ред на кои дава гол, последен тим кој ја зачува мрежата против машината на Флик беше Леганес на 15 декември минатата година.
Каталонскиот тим в среда против ПСЖ ако даде гол, ќе постави нов клупски рекорд и ќе продолжи на патот кон шпанскиот, можеби и светскиот рекорд, иако тие во моментов се многу далеку.
Рекордот во Шпанија го држи Реал Мадрид со 73 меча по ред на кои давал гол, тоа се случи од април 2016 до септември 2017 година. Светскиот рекорд е на Ривер плејт, кој од 1936 до 1939 година имал низа од дури 96 натпревари по ред со постигнат гол.