Барселона на два клучни меча нема да смета на стандардниот првотимец

Играчот кој сезонава се промовираше во дресот на Барселона, тинејџерот Педри, ќе мора да паузира во следните три недели. Фудбалерот кој го гледаат како светла иднина на „Камп Ноу“ се повреди вчера на дуелот против Севилја. Барселона победи со 2:0, но Педри заработи повреда на левата нога и мора да мирува во следните 20-тина дена.

Играчот за врска со сигурност ќе пропушти два многу важни дуели за Барселона, Педри нема да биде во составот за дуелот против Севилја во реваншот од Купот на Шпанија (Каталонците ќе бркаат негатива од 2:0), а нема да биде во составот и за реваншот против Пари Сен Жермен, во реванш средбата од Лигата на шампиони (Французите имаат предност од 4:1 и реваншот го играат дома на 10 март).

Педри сезонава одигра вкупно 37 натпевари за Барселона, а нема пропуштено ниту еден меч во Примера дивисион, што само зборува за неговиот квалитет и довербата која во тинејџерот ја има тренерот Роналд Куман.

 

- Оглас -

Најнови вести