Барселона најважниот потпис го реализира по завршување на преодниот рок

Шпанскиот шампион Барселона и покрај големите проблеми со финансискиот ферплеј, имаше интересно лето во кое дополнително ја засили екипата, но најважниот потпис управата го имаше по завршување на преодниот рок, и тоа со Чави Ернандес, на огромно задоволство на навивачите.

Еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона, тренерот Чави Ернандес, и управата на Барселона успешно ги завршиле неколкумесечните преговори за продолжување на соработката.

Весникот „Марка“ објави дека со новиот договор Чави ќе седи на клупата на Барселона до 2026 година и во следните три години главна цел ќе биде триумф во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести