19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Барселона налето сака да пазари во Минхен

Барселона во летниот преоден рок планира да се обиде да дојде до потписот со фудбалерот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Лерој Сане, објавија шпанските медиуми.

Челниците на Барселона веќе ги контактирале колегите од Баерн Минхен со цел да ја дознаат сумата за која се подготвени да го пуштат 28-годишниот фудбалер.

Според медиумите во Шпанија, Барселона ќе се обиде да ја намали сумата која ќе ја одредат луѓето од Баерн така што во евентуалниот трансфер ќе вметне некој од играчите кои би заминале во Минхен.

Сане има договор со Баерн до идната година, а според „Трансфермаркт“, неговата вредност изнесува 70 милиони евра.

Лерој Сане во Баерн Минхен пристигна во 2020 година од Манчестер сити.
Сезонава одигра 26 натпревари за Баерн и постигна осум гола, а има и 11 асистенции.

Интересно е што Сане не е единствен фудбалер на Баерн Минхен кој се поврзува со летен трансфер во Барселона, медиумите шпекулираат дека и капитенот Џошуа Кимих може да заврши на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести