25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Барселона не изгледа лошо без Меси, Јувентус треба да се замисли (Видео)

Новото засилување на Барселона, Мемфис Депај постигна гол во третата минута во победата против Јувентус со 3:0 и покажа дека ќе биде добредојден за клубот во новата ера, што почна денеска без Лионел Меси.

Каталонците останаа без својата фудбалска икона, откако денеска Аргентинецот на прес-конференција се прости од Барса, но и без него воопѓто не изгледаа лошо на теренот на „Камп Ноу“ против Јувентус.

Домаќините поведоа рано по одличната акција во третата минута што ја круниса со гол Депај.

За Јувентус настапи Кристијано Роналдо, но немаше можност да игра против својот најголем ривал Меси во дуел на двајца фудбалски великани, кои го сменија текот на фудбалот со своето големо ривалство во последните 15-на години.

Ниту тој, ниту останатите играчи на Јуве не успеаја да ја затресат мрежата на Барселона, а поразот од 3:0 треба да ги замисли сите во таборот на најтрофејниот италијански клуб.

https://twitter.com/LaMasiaStan/status/1424481804854169603?s=20

За Барселона голови постигнаа и Брајтвајт и Пуџ за убедливи 3:0 во првиот меч без Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести