Барселона му врати на Анадолу Ефес за поразот од пред два дена и успеа да ја израмни серија на 1-1, откако Каталонците славеа со минимални 72-74. Борбата за фанјл-фор продолжува за четири дена во „Палау Блауграна“.
Неивесноста траеше до самиот финиш на средбата во Истанбул, водството се менуваше во неколку наврати, а дилемите ги реши Адам Ханга со реализираниот шут за два поени на 28 секунди до крајот. Симон не го искористи последниот напад во кој Анадолу со тројка се обиде да дојде до победа, но Хрватот промаши.
Ханга беше најефикасен од редовите на гостинската екипа со 17 поени, 13 поени додаде Томиќ, додека Хертел заврши со еден поен помалку. Кај Анадолу, најрасположен беше Ларкин со 18 поени, на 15 застана Мициќ.