Барселона не смее да ја испушти шансата, ќе победи и Галатасарај

1959 Ризеспор – Галатасарај (18 часот)
Галатасарај е лидер во турскиот шампионат и триумфот на овој меч е многу значаен за него затоа што Фенербахче има само три бода помалку, но и еден одигран меч повеќе. Квалитетот е на страната на актуелниот шампион.
Предлог тип: 2 (1.77)

 

2840 Рапид Букурешт – Ботошани (19 часот)
Ботошани е слаб гостин оваа сезона и тоа Рапид Букурешт треба да го искористи. Предлогот е победа на домаќинот и два до пет гола на овој натпревар.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.08)

 

1939 Макаби Хаифа – Хапоел Ерусалим (19.30 часот)
Макаби Хаифа е во Топ 3 во Израел и до крајот нема да се откаже во трката за титулата, иако заостанува зад Хапоел Бер Шева и Макаби тел Авив. Овој тим игра офанзивен фудбал и се очекуваат голови на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.85)

 

1360 Барселона – Рајо Ваљекано (21 часот)
Барселона не смее да ја испушти оваа шанса во колото во кое кикснаа и Реал и Атлетико. Со триумф, Барса ќе се врати на врвот со еднаков број бодови како и Реал Мадрид. Се очекува сигурна победа на каталонскиот тим, водство и на полувремето и неколку гола во мрежата на Рајо.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.40)

 

1148 Лидс јунајтед – Сандерленд (21 часот)
Лидс е најдобриот домаќин во Чемпионшип и нема сомнение дека е фаворит на дуелот со Сандерленд. Очекувањата се дека ќе оствари триумф изразен најмалку со два гола во мрежата на ривалот.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.91)

- Оглас -

Најнови вести