Шпанскиот првак Барселона во договорот со којшто го купи Филипе Кутињо од Ливерпул се обврзала дека до 2021 година веќе нема да ангажира фудбалери на премиерлигашот од градот на Битлси. Англичаните инсистирале ваквата клаузула да биде вметната во договорот кога во јануари Кутињо премина во Барса.
Трансферот на Кутињо беше вистинска сага, Ливерпул не сакаше толку лесно да се ослободи од својата ѕвезда, во летото 2017 не попушти, па Бразилецот премина во Барселона во јануари годинава и немаше право да игра во Лигата на шампионите, но Ливерпул и без него стигна до финалето.
Ова значи дека Каталонците нема да смеат да купат играч на Ливерпул во следните две и пол години, па на „Камп ноу“ нема да заиграат фудбалери од типот на Роберто Фирмино или Садио Мане.