7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Барселона носи засилување кое ќе предизвика големи реакции во каталонската престолнина

Барселона имаше успешна сезона зад себе во која освои три трофеи на домашната сцена. Каталонскиот клуб едноставно доминираше и ги собра пехарите во Купот на Шпанија, Суперкупот на земјата и во првенството.

Тренерот Ханси Флик е задоволен од составот, но најави дека сепак ќе направи некои играчки промени во летниот преоден рок. Една од главните работи е да се доведе нов голман. Капитенот и еден од најискусните во тимот, Марк Андре тер Штеген е на излезна врата од Барселона, а веќе може да се насети и неговиот заменик.

Каталонскиот гигант наследникот на Тер Штеген го гледа во редовите на градскиот ривал Еспањол, голманот Жоан Гарсија. Контактите веќе се направени, а Барселона е подготвена да плати 25 милиони евра колку што Еспањол бара за предвремен раскин на договорот со голманот.

Заминувањето на Гарсија од Еспањол во Барселона сигурно ќе предизвика големи реакции, посебно кај навивачите на Еспањол. За Гарсија се интересираа неколку англиски екипи, но во последен момент Барселона не само што се вклучи во трката, туку стана и главен фаворит за неговиот потпис.

Гарсија би бил прв голман во Барселона, а ветеранот Шчесни треба да биде негова резерва.

- Оглас -

Најнови вести