Барселона објави кога се враќа на „Камп ноу“ и ги израдува навивачите (Видео)

Градежните работи на реконструкцијата на „Камп ноу“ сè уште се во тек, но Барселона со видео на социјалните мрежи најави дека се враќа дома. На големо задоволство на навивачите, Барселона ќе се врати на „Камп ноу“ на 10 август, кога ќе се игра меч за трофејот „Жоан Гампер“.

Трибините ќе бидат само делумно отворени, со оглед дека сè уште се работи на третото ниво од трибините, како и на ВИП делот. Барселона веќе две години своите домашни натпревари ги игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“, а веќе неколкупати беше најавувано дека наскоро Каталонците ќе се вратат во својот дом, но комплетната реконструкција доцни.

- Оглас -

Најнови вести