Барселона одби промена на домаќинството, можно е Ел Класико да не се игра

Барселона не прифаќа да игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 26 октомври против Реал Мадрид, опција која ја понудија од Шпанската фудбалска федерација. Оваа идеја беше дадена откако дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид е назначен од висок ризик поради протестите кои веќе неколку дена ги има во каталонската престолнина. 

Според официјалниот распоред на шпанското првенство, Барселона на „Камп ноу“ треба да го пречека Реал Мадрид во вечното дерби. Откако отпадна опцијата да се замени домаќинството, доколку продолжат протестите во Барселона, останува само една опција, а тоа е мечот да биде одложен.

Низ улиците на Барселона се протестира поради пресудите кои ги добија каталонските политичари, па затоа и гостувањето на Реал во овој период би било од висок ризик, иако мечот треба да се игра во 13 часот.

До Ел Класико има уште 10 дена и останува да видиме дали е можно да се случи Барселона и Реал да не играат во закажаниот термин.

 

- Оглас -

Најнови вести