Барселона пак е опасна машина за голови – Ауба има пет од шест, со полна мрежа си замина и Атлетик Билбао (Видео)

Барселона го декласира Атлетик Билбао со 4:0 и ја забележа и третата победа по ред со четири постигнати голови, а расположени за голови беа големото засилување Обамејанг, потоа и Дембеле, Де Јонг и Депај.

Барселона тотално го надигра ривалот и можеше да слави и поубедливо, но и вака покажа дека полека, но сигурно се враќа на победничките патеки.

Претходно Барса им даде четири гола и на Валенсија во меч од Ла Лига и на Наполи во реваншот во Лигата на Европа.

Интересно е што Обамејанг играше на шест меча за Барселона откако пристигна од Арсенал во зимскиот преоден рок и постигна пет гола.

 

- Оглас -

Најнови вести