Барселона подготвена да плати 40 милиони евра за косовски репрезентативец?

Барселона уште од сега знае дека во летниот преоден рок треба да се засили со квалитетен напаѓач. Уште е неизвесно дали ветеранот Роберт Левандовски ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона, но јасно е дека каталонците се фокусирани да најдат врвен голгетер.

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес е главната желба на Барселона, но постојат и други опции, ако Јорганџиите не сакаат да се откажат од Аргентинецот. Како што пишува шпанскиот весник „Спорт“, една од опциите е доведување на ведат Муриќи од Мајорка.

Репрезентативецот на Косово има одлична сезона во Мајорка и моментално е втор стрелец во шпанското првество со 21 голови во 30 средби. Најавите се дека Барселона веќе ги воспоставила првите контакти за доведување на 31-годишниот напаѓач чија откупна клаузула е дури 40 милиони евра. Актуелниот договор на Муриќи со Мајорка е до јуни 2029 година.

Мајорка е тим кој моментално е на 15 место на табелата со само 34 освоени бодови, а Муриќи е најзаслужен што клубот не е во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести