Алармот во Италија е активиран: само еден стадион е подготвен за ЕП 2032

По неуспехот да се пласира на Светското првенство 2026, фудбалска Италија се соочува со нов предизвик. Една од најфудбалските земји е под притисок да покаже дека добро работи во подготовките за домаќинство на Европското првенство кое во 2032 година треба да се одржи во оваа земја.

Директорот на УЕФА за Европското првенство во 2032 година, Микеле Ува, е уверен дека Италија нема да го изгуби статусот на еден од домаќините на континенталното натпреварување. Сепак, тој упати строго предупредување до Милано и Неапол, наведувајќи ја лошата инфраструктура, објавува „Фудбал Италија“.

Пред само неколку недели, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се закани дека ќе ја лиши Италија од домаќинството на турнирот поради лоша инфраструктура.

„Се надевам дека инфраструктурата е подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија“, изјави Чеферин за „Газета дело спорт“ на почетокот на овој месец.

„Тој е во право и испрати јасна порака. Работиме интензивно и сум убеден дека Италија ќе биде домаќин на Европското првенство со пет стадиони“, рече Ува, смирувајќи ја јавноста. „Не доцниме и сме совршено усогласени со планираната динамика. Нема причина за тревога“, рече Ува потенцирајќи дека заедничката работа на сите вклучени страни е клучна.

„Само треба да продолжиме да работиме заедно. По силното забрзување во последните шест месеци, осум локации имаат рокови што им дозволуваат да аплицираат. До средината на септември, Италијанската фудбалска асоцијација ќе избере пет градови што ќе ги претстави на УЕФА, а во првата недела од октомври ќе бидат потврдени градовите домаќини“, објасни тој.

Според неодамнешните извештаи на италијанските медиуми, во моментов само стадионот „Алијанц“ на Јувентус во Торино ги исполнува условите за домаќинство на европски натпревари без дополнителни градежни работи.

- Оглас -

Најнови вести