Барселона подготвува 50 милиони евра за „најомразениот“ италијански дефанзивец?!

Иднината на Алесандро Бастони повторно е тема на разговори како што се приближува крајот на сезоната, а ситуацијата на италијанскиот стопер со големо внимание ја следи и Барселона.

Дефанзивецот на Интер има договор до 2028 година, но неколку фактори би можеле да влијаат на негово заминување уште ова лето, пред сè инцидентот од февруари.

Имено, за време на натпреварот против Јувентус, контроверзниот дуел меѓу Бастони и Пјер Калулу заврши со исклучување на играчот на Јувентус.

Реакцијата на дефанзивецот на Интер, кој изгледаше како да симулира, а потоа и да го слави исклучувањето на противникот, беше жестоко критикувана.

Оттогаш Бастони е цел на свирежи на повеќе стадиони во Италија, па оваа непријатна ситуација отвора прашање дали може да влијае на неговата желба да остане во Серија А.

Барселона покажува интерес за италијанскиот репрезентативец уште од почетокот на годината, а веќе се водени разговори со неговите агенти, со што повторно е актуелизирана можноста за трансфер во Шпанија.

Главна пречка за евентуален трансфер е цената што ја бара Интер, кој го проценува 26-годишниот дефанзивец на околу 70 милиони евра.

Каталонскиот клуб ќе се обиде да ја намали сумата и би можел да понуди до 50 милиони евра, особено ако се земе предвид и високата плата на играчот (околу 5 милиони евра годишно).

- Оглас -

Најнови вести