Барселона подготвува атомска понуда за Саул

Во таборот на Барселона полека се подготвуваат за живот после Иван Ракитиќ, за кого е најавен трансфер во Интер, а шпанскиот првак веќе најде негова долгорочна замена.

Каталонците најавуваат атак по потписот на Саул Нигез, плејмејкерот на Атлетико Мадрид, за кого се подготвени да издвојат неверојатни 110 милиони евра. Саул е стара симпатија на Барса, уште пред две години се обидоа да го откупат, но „јорганџиите“ тогаш одбија неколку понуди, а последната достигна 60 милиони евра.

Шпанецот одби да го напушти Мадрид, а потоа потпиша договор на девет години со Атлетико, и доби клаузула од 150 милиони евра. Сепак, Барселона нема да ја активира истата, бидејќи сметаат дека 110 милиони се доволно за Атлетико да попушти и да му дозволи на Саул да преговара со гигантот од „Камп ноу“, a доколку овој трансфер се оствари, Саул ќе стане најскапиот Шпанец во историјата.

Саул е член на Атлетико повеќе од 10 години, иако има 24 години тој досега одигра 235 натпревари, полека, но сигурно прераснува во клупска легенда.

- Оглас -

Најнови вести