Барселона подготвува чистка, Чави веќе отпиша еден фудбалер

На екипата на Барселона не и цветаат рози оваа сезона. Тие имаат заостанување од седум поени од лидерскиот двоец Реал Мадрид и Жирона, и веќе се подготвува чистка во нивните редови.

Според информациите од Шпанија, Чави нема да смета на неколку фудбаери, но еден од нив веќе е информиран за ваквата одлука. Се работи за Ориол Ромеу кој летоска како големо засилување пристигна од редовите на Жирона за 3.5 милиони евра, но не покажа ништо посебно на теренот.

Ромеу кога бил информиран за ваквата одлука се зачудил и тешко дека ќе прифати да си оди од Барселона, иако јасно му било ставено до знаење дека може да започне да си бара нов клуб. Тој за “каталонците“ одигра 19 натпревари со ефект од само една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести