Роберт Левандовски по четири години си заминува од Барселона, а раководството на Каталонците активно е во потрага по соодветна замена. Шпанските медиуми откриваат дека високо на листата со желби е иконата на Интер, Лаутаро Мартинес, кој може по осум години да го напушти „Џузепе Меаца“.
Аргентинецот има договор до 2029 година, а се проценува дека вреди 85 милиони евра, но сепак, Барселона ќе се обиде да дојде до неговиот потпис. Како што велат шпанските медиуми, и многу поголеми фудбалери менувале средина, па зошто да не биде таков случајот и со Лаутаро Мартинес.
Тој со осумте години во Милано одигра 375 натпревари за Интер со ефект од 175 гола и 56 асистенции.

