Правилата во Реал Мадрид се јасни: Ридигер останува уште една сезона на „Сантијаго Бернабе“

Најстабилниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, ја прифати понудата за продолжување на договорот и со тоа ќе остане играч на „кралевите“ уште една сезона.

Германецот сакаше да потпише на две години, но на „Бернабе“ постои правило според кое играч што ќе наполни 33 години не може да добие договор подолг од една сезона.

Ридигер имаше тежок период поради долготрајни физички проблеми, кои на крајот наложија и операција. Сепак, во пролетниот дел од сезоната повторно влезе во препознатлива форма.

Во последните години добил неколку понуди, меѓу кои и многу богата од Саудиска Арабија, но Германецот сака да остане лојален на Реал Мадрид.

Погледите се веќе кон следната сезона, а Жозе Мурињо ќе располага со Дин Хујсен, Ридигер и повредениот Едер Милитао. Постојат дилеми околу иднината на Раул Асенсио, додека Давид Алаба ќе замине бидејќи неговиот договор истекува и нема да биде продолжен.

Тоа значи дека Реал Мадрид ќе мора да доведе уште еден централен дефанзивец, а како можна опција веќе се споменува Јошко Гвардиол од Манчестер Сити.

- Оглас -

Најнови вести