Се чини дека финансиската криза во редовите на Барселона е минато, па Каталонците не само што успеаја да ги регистрираат Дани Олмо и Виктор Пау, туку потпишаа и нови договори со Араухо, Педри и Гави.
Сепак, едно од прашањата што треба да го решат налето е офанзивата, со оглед на тоа дека Роберт Левандовски тогаш веќе ќе има 37 години, па раководството на клубот размислува за негова замена.
Најголемата желба на Барселона е хит напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, за кого ќе треба да платат 65 милиони евра, што според шпанските медиуми, „каталонците“ се подготвени да го сторат.
Доколку навистина се реализира трансферот на Ѓекереш, за кого има интерес буквално од пола Европа, тоа ќе биде вистински доказ за крајот на финансиските проблеми, но и најави за враќање на старите патеки и амбиции, дури и за освојување на Лигата на шампионите.