24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Барселона последен пат на Мајорка не и дала два гола пред 14 години, Галатасарај чекори кон титулата

3001 Наполи – Торино (20.45 часот)

Минатата недела Наполи го совлада Јувентус и под водство на новиот тренер Франческо Калцона игра сè подобро. Наполи со Калцона на клупата нема пораз, има по две ремија и победи, и вечерва е голем фаворит повторно да ги освои бодовите. За очекување е Калцона да не игра со најсилниот состав бидејќи в вторник го очекува дуелот со Барселона во ЛШ и затоа предлогот е да се одигра на победа на шампионот со не повеќе од три гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

1951 Галатасарај – Ризе (18.00 часот)

Галатасарај ја продолжува битката со Фенербахче за шампионската титула во турскиот шампионат. Галатасарај е лидер со 75 бода, додека Фенербахче има два бода помалку на девет кола до крајот. Домаќинот се наоѓа во серија од девет победи во низа, а во последното коло го победи Бешикташ (1:0) и е голем фаворит за победата и вечерва. Минатата сезона, Галатасарај славеше до 4:2 пред своите гледачи, а во првиот дел од сезоната беше 1:0 за лидерот на табелата.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.18)

 

5651 Ал-Итихад – Ал-Акдод (18.00 часот)

Ал-Итихад е актуелен шампион на саудиската Про лига, но сезонава нема шанси да ја одбрани титулата бидејќи заостанува дури 25 бода зад лидерот Ал-Хилал. Тимот кој минатото лето се засили со суперѕвезди како Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо, Жота, мора да има повеќе од 37 бода по 22 одиграни кола и денеска е голем фаворит за победа над тимот кој се наоѓа во долниот дел од табелата. Во првиот дел од сезоната, Ал-Итихад победи со минимални 1:0, но денеска се очекува далеку поубедлива победа.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.09)

 

1801 Штутгарт – Унион Берлин (20.30 часот)

Екипата на Штутгарт по Баер Леверкузен е најпријатно изненадување во Бундеслигата бидејќи игра одлично и се наоѓа на третото место на табелата. Тимот кој го предводи внукот на Ули Хенес, Себастијан, во последните шест кола има учинок од пет победи иедно реми. Унион Берлин имаше очаен старт на сезоната, долго време беше последен на табелата, но со доаѓањето на Ненад Бјелица за тренер, работите се сменија и екипата сега е осум бода од опасната зона.

За разлика од Штутгарт чии натпревари се ефикасни, на мечевите на Унион Берлин ретко има повеќе од три гола.Унион Берлин во 2024 година одигра девет официјални натпревари и само на еден меч имаше повеќе од два гола (2:2 против Хајденхајм). Штутгарт е фаворит и се очекува да дозволи изненадување пред своите гледачи, но според статистиката, не треба да се очекуваат ниту многу голови.

Предлог тип: 1Х & 3+ (1.85)

 

1301 Барселона – Мајорка (21.00 часот)

Барселона поради реванш натпреварот во Лигата на шампионите со Наполи, својот меч во Ла Лига го игра вечерва и е апсолутен фаворит против Мајорка. Каталонскиот тим игра далеку од очекувањата на навивачите, но и покрај тоа се трети на табелата со осум бода помалку од лидерот Реал Мадрид. Мајорка е во долниот дел од табелата со осум бода повеќе од зоната на испаѓање, но во последното коло приреди изненадување и ја победи Жирона со 1:0. Барселона последен пат не и дала барем два гола на Мајорка во далечната 2010 година.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 2+ (2.07)

 

 

- Оглас -

Најнови вести