Раководството на Барселона склучи договор за спонзорство со властите на ДР Конго вреден над 40 милиони евра. „Каталонците“ ќе го промовираат туризмот во оваа афиканска земја под слоганот „Срцето на Африка“. Логото ќе се најде на опремата за тренинг и за загревање и на машката и на женската екипа на Барселона.
Министерот за спорт на ДР Конго неодамна вакви договори потпиша и со Монако и Милан. „Каталонците“ секоја од наредните четири години ќе добиваат помеѓу 10 и 11,5 милиони евра од оваа африканска земја.
Barcelona agree sponsorship deal with DR Congo to promote tourism https://t.co/q1zUVrXH2A
— Reuters Africa (@ReutersAfrica) July 17, 2025
Сепак, она што е интересно, ДР Конго е на работ од војна со својот сосед Руанда, па дури ги повикаа ООН да интервенираат се со цел да не дојде до крвав судир. Но, тоа не ги спречува да го промовираат туризмот во својата земја.