Барселона сака да ја ангажира ѕвездата на Сити, но има и резервна опција во случај да не најде пари

Екипата на Барселона е заинтересирана во своите редови да го донесе еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Бернанрдо Силва. Проблем за реализација на овој трансфер може да претставува високото обесштетување кое го бараат “граѓаните“, кое изнесува 80 милиони евра.

Португалецот во Манчестер Сити пристигна пред шест години од Монако за 50 милиони евра, а актуелниот договор му истекува во 2025-тата година.

Сепак, доколку “каталонците“ не пронајдат пари за да го купат португалскиот репрезентативец, планираат да се наосач кон ангажманот на аргентинецот Џовани Ло Селсо од Тотенхем, чија моментална вредност е 14 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести