Барселона се разбуди и го „тресна“ Анадолу

Барселона го совлада Анадолу Ефес со 80:65 во мечот од рамките во 15-тото коло во Евролигата. Каталонскиот состав добро се намачи за да ја оствари осмата победа во европскиот шампионат, гостите беа блиску до славење во „Палау Блауграна“.

Првото полувреме комплетно му припадна на Анадолу, во моменти од втората четвртина имаа сигурна предност од +17 поени, но кошаркарите на Светислав Пешиќ и пред самата пауза покажаа дека остатокот од мечот нема да мине без борба. Домаќините се разигра и со пресврт при конечна разлика од +15 ја забележаа новата победа во континенталниот шампионат.

Ориола како најефикасен за Барселона постина 14 поени, по 13 имаа Серафан и Синглтон. Во гостинскиот состав најмногу се истакна Мотум со 13 поени, Мициќ додаде 11.

Претходно Макаби Тел Авив ја забележа вкупно петтата победа во Евролигата со триумфот над Армани Милано при конечни 94:92. За домаќините клучни беа слободните фрлања на Реј Кендрик на 19 секунди до крајот, па во последниот напад Макаби успеа да се одбрани.

О‘Брајан одигра феноменален меч и практично постигна една третина од поените на Макаби, поточно 32 (5/8 од поле, 5/7 за три, 7/8 слободни). Недовиќ беше најефикасен во тимот на Милано со 17 поени, по 16 постигнаа Мицов и Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести