Барселона се враќа на второто место на табелата, Оксер ита кон Лига 1

1310 Барселона – Валенсија (21.00 часот)

Барселона е голем фаворит во дуелот против Валенсија кој ќе го затвори колото во Ла Лига. Барселона загуби минатиот викенд на Ел Класико (2:3), но пред неколку дена Чави Ернандес ја промени одлуката и ќе остане на клупата и следната сезона и за очекување е овој потег да има позитивно влијание врз играчите.

Победа ќе ја врати Барселона на второто место на табелата. Валенсија во минатото коло загуби од Бетис, но остана во игра за седмото место на табелата кое носи во европските купови. Натпреварите меѓу Барселона и Валенсија речиси секогаш се ефикасни и најчесто завршувале во корист на каталонскиот тим.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.01)

 

1720 Данкерк – Оксер (20.45 часот)

Оксер е лидер во француската втора лига и со евентуална победа милиметри ќе го делат од пласман во Лига 1. Оксер има 64 бода, еден повеќе од Сент Етјен и три од Анже, а има шанса дополнително да им избега на табелата.

Данкерк се наоѓа на последното место кое гарантира опстанок во Лига 2 со четири бода пред Троа. Оксер во последното коло на убедлив начин (4:0) ја прекина мини-серијата од два пораза по ред, а против вечерашниот противник има позитивен скор. Оксер има еден пораз, едно реми и четири победи, а само на еден меч имало повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.70)

 

1644 Емен – Хелмонд спорт (20.00 часот)

Ова е натпревар од 36-тото коло од холандската втора лига, и тоа меѓу екипи кои имаат минимални шанси да обезбедат пласман во разигрувањето за Ередивизијата. Само победникот од овој дуел ќе има шанса во последните две кола да се бори за осмото место на табелата, кое носи во плејофот, и поради тоа се очекува и двата тима да играат офанзивно и да одат на победа. На последните два меча беше остварен идентичен резултат 2:1, а и двата тима досега имаат речиси по 1,5 даден и примен гол по натпревар.

Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.89)

 

2627 Трелеборгс – Дегерфорс (19.00 часот)

Ова е натпревар од шведската втора лига, и тоа меѓу последниот и вториот тим на табелата. Сè уште е почеток на сезоната, ова е натпревар од петтото коло, па поради тоа состојбата на табелата не треба да се зема здраво за готово. Трелеборгс единствената победа ја оствари на домашен терен, додека Дегерфорс на двете гостувања одигра нерешено. Традицијата вели дека последните три меѓусебни натпревари на кои Трелеборгс бил домаќин, завршиле без победник (1:1,2:2,0:0).

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.13)

 

1117 Престон – Лестер (21.00 часот)

Лестер по една сезона во Чемпионшип дивизијата се враќа во Премиер лигата и последните две кола ќе се обиде да го завери првото место. Лисиците имаат четири бода повеќе од Лидс и Ипсвич, додека Престон нема шанси да игра во плејофот за пласман во Премиер лигата и следната сезона ќе биде дел од Чемпионшип.

Престон загуби во последните три кола и притоа не постигна гол (0:1,0:3,0:1), но Лестер е втор најефикасен тим во лигата и за очекување е да има голови вечерва.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

- Оглас -

Најнови вести